Покана за „Форум во заедницата“

Ве покануваме на Петтата форумска сесија на проектниот Форум во заедницата, кој се реализира во рамки на Програмата „Зајакнување на општинските совети“, која е финансирана од Швајцарската влада и од Министерството за локална самоуправа, а ја кофинасира и спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). Имплементацијата на програмските активности е поддржана и од Општина Крива Паланка.

Петтата последователнa сесиja од проектниот Форум во заедницата ќе се одржи на ден 26.01.2024 год. (петок) со почеток од 12:00 часот, во просториите на големата општинска сала.

Целта на оваа форумска сесија е претставување на текот на спроведување и резултатите од спроведувањето на приоритетниот проект изберен од страна на граѓаните на четвртата форумска сесија, како и презентација во врска со реализација на други проекти или препораки од форумскиот процес.

За сите дополнителни информации во врска со форумската сесија, лице за контакт е Сашко Додевски, тел. 075 365 417 и [email protected].

Вашето присуство ќе нѝ претставува особена чест и задоволство.

Прилог: Дневен ред

Бидете поздравени!

                                                                                  Општина  Крива Паланка
                                                                                              Градоначалник
                                                                                           Сашко Митовски

Големина на фонт
Контраст