Околу милион евра во општината за три проекти преку Министерството за животна средина

Градоначалникот на Општина Крива Паланка и  министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова, денес ги најавија новите три проекти за Крива Паланка вредни речиси милион евра, одобрени од Министерство за животна средина и просторно планирање преку ЕИБ (Европска Инвестициона Банка).

-Со министерката ги најавуваме новите водоводни и канализациона мрежа што ќе се градат преку проектот ,,Водоснабдување и одведување на отпадни води,, вреден со 964.297 евра. Во село Конопница ќе се гради водоводен систем Вирови-Грамаѓе, како и реконструкција и доградба на водоводна мрежа во Крива Паланка и село Конопница, додека со третиот проект ќе биде изградена канализација за отпадни води за дел од населба “8 ми Октомври”, над Маневски мост.

Градиме и вложуваме за подобрување на квалитетот на живот на сите граѓани, рече градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски.

Големина на фонт
Контраст