Свечено пуштен во употреба патниот правец Крива Паланка – граничен премин Деве Баир со Р Бугарија

Денес во Крива Паланка, формално беше пуштен во употреба реконструираниот и рехабилитиран патен правец до граничниот премин Деве Баир. Со реализицијата на овој проект извршена е комлетна рехабилитација на овој патен правец, со вкупна должина на делницата од 13 км, направена е комплетна реконструкција на пропратните делови долж целиот пат ( 4 нови мостови, вијадукти, одводи и канали, изградена е трета лента и извршено е проширување на патот, санација на речното корито, потпорните зидови, изготвено е ново сообраќајно решение итн). Инвестицијата за овој проект е во висина од 12,2 милиони евра, од кои 2,4 милиони евра се грант од ЕУ, а останатите се средства-заем од ЕБРД.

На свечениот настан прувствуваа амбасадорот на Европската Унија во Република Северна Македонија, Дејвид Гир, премиерот, Димитар Ковачевски, министерите Благој Бочварски и Љупчо Николовски, директор на ЈПДП Ејуп Рустеми, претставниците од Европската банка за обнова и развој, како домаќинот на овој настан, градоначалникот Сашко Митовски.

Во оваа прилика, градоначалникот Сашко Митовски упати голема благодарност до амбасадорот Дејвид Гир за целокупната поддршка од Европската Унија во реализацијата на проекти од ИПА програмата што општина Крива Паланка ги имплементира, благодарност до Претседателот на Владата, до министрите, за разбирањето и поддршката, за вложувањата кои донесоа видлив напредок што граѓаните го препознаваат и го ценат.

Како што изјави градоначалникот Митовски, „Со ова, кончено, по децениските ветувања во минатото, јасно се покажа дека Владата работи на просперитет, вложувања во безбедни и модерни патишта, во стабилен и сигурен економски развој. А сите овие вложувања носат прогрес, значат динамика на градба и развој, какви што не се паметат во историјата на Крива Паланка.

Успешната реализација на овој проект ги означува и успешните политики и стилот на работа на Владата на Северна Македонија, со сè она што го прави и реализира на патот кон Европските перспективи“, ова е дел од обраќањето на градоначалникот Миотвски во рамки на овој свечен настан.

Премиерот Ковачевски нагласи дека, модернизацијата на Коридорот 8 е стратешка определба на нашата земја и заради регионалното поврзување и соработка, како еден од најважните аспекти на интеграцијата во Европската Унија. Проектот, вклучувајќи ја и доизградбата на железницата на овој коридор, има за цел да го поврзе Црното Море со Јадранско Море. Пошироко, тоа е коридор кој преку Бугарија, Северна Македонија и Албанија, ги поврзува Блискиот Исток и Азија со Европската Унија.

Големина на фонт
Контраст