Најава на прв “Божиќен концерт” во Крива Паланка

За убава празнична атмосфера во градот за време на најубавиот христијански празник – Христовото раѓање- Божиќ, градоначалникот Сашко Митовски и Општина Крива Паланка за прв пат годинава, организираат “Божиќен концерт” за сите кривопланчани.

На 7 јануари 2024 (недела) , на градскиот плоштад Крива Паланка, со почеток од 18:00 часот, популарното трио професионални оперски пејачи  „Трио Џентлмен“ ќе ги почести нашите сограѓани со “Божиќен концерт” и изведба на празнични композиции и поп-класични хитови, како единствен состав што негува и презентира ваков музички жанр во државата.

Општина Крива Паланка го организира овој празничен концерт, како музичка бајка за сите генерации и воедно топло ги повикува кривопланчани на заедничка радост и прослава на најубавиот христијански празник, раѓањето Христово – Божиќ.

Големина на фонт
Контраст