Оддржан работен состанок на Локалениот совет за превенција

Денес, 18.12.2023 г. во општинската сала за состаноци во Крива Паланка се оддржа работен состанок на Локалниот совет за превенција.

На дневен ред на Советот,  беа темите од областа на превенција од областа на врсничкото насилство и говорот на омраза во образовните институции, безбедноста на стари и немоќни лица, безбедноста за време на новогодишните и божиќните празници, како и употребата на пиротехнички средства и последиците од користење на истите.

На состанокот, детално беа разработени сите теми подетално и беа реално беа разгледани актуелните  состојби во локалната заедница од сите безбедносни аспекти.

Присутните се согласија дека одредени безбедносни сотојби во градот, изискуваат поголема координација и делегирани надлежности помеѓу стручните служби и надлежните институции, како и превземање на кокретни превентивни мерки во насока на подобрување на безбедносната состојбата  во градот и околината. за што беа донесени и соодветни заклучоци.

Во рамки на состанокот, како заклучок беше даден апел од страна на ОВР Крива Паланка,    до сите граѓани, за време на новогодишните и божиќните празници да празнуваат и слават со срце, без користење на оружје и пиротехника, прекумерна употреба на алкохол и посено да внимаваат во сообраќајот во делот на потешки прекршоци, брзо и дрско возење, престигнување, алкохол и нерописно паркирање.

Големина на фонт
Контраст