НОВОГОДИШЕН БАЗАР 22.12.2023 до 31.12.203

Општина Крива Паланка со големо задоволство го најавува новото издание на -НОВОГОДИШЕНИОТ БАЗАР 2023/2024.

Најавуваме нови незаборавни моменти и загарантирана забава за сите генерации.

Стартуваме на 22.12.2023-петок, на Градскиот плоштад од 19:00 часот.

„Новогодишниот базар’  започнува со викенд програма во првите три дена, а забавата е загарантирана сѐ до 30.12.2023 г.

Програмата ќе понуди бројни настапи на наши, македонски, изведувачи и бендови, а најмладите и тинејџерите ќе уживаат во креираната за нив забавна шема: детски претстави, концерти, жонглери, комични настапи и секогаш спектакуларното пристигнување на Дедо мраз  на 30.12.2023, сабота.

Топло и срдечно ќе Ве дочекаат нашите вредни паланчани, со: греано вино, германски колбас, вафли, топол чај,чварки и пивтии, детски реквизити и многу други содржини.

Општина Крива Паланка ги поканува сите добронамерници да дојдат, и заеднички да ја проследиме и да уживаме во богатата културна програма и во новогодишните убавини што ги нуди најубавиот град-Крива Паланка.

Големина на фонт
Контраст