Започна Детскиот музички фестивал “ Распеано симитче 2023“

Осумнаесет нови детски песни ќе бидат изведени на 8-от по ред Детски музички фестивал „Распеано симитче 2023“, што се одржува денес и утре, во НУ Центар за култура во Крива Паланка, со почеток од 12.00 часот.

Фестивалот го организира Центарот за аудиовизуелни уметности, во сооработка со НУ Центар за култура Крива Паланка и со финансиска поддршка на Општина Крива Паланка, која е и покровител на  овој весел музички настан.

На сцената на фестивалот и годинава ќе се промовираат многу талентирани дечиња од градот, солисти и хорски изведувачи, како и локални и регионални автори на детските песни.

“Распеано симитче” е наш локален музички бренд и секогаш носи нова свежина во културната понуда за паланчани, промовирајќи ги локалните и регионални автори, со продукција на квалитетна музика за најмладите.

Големина на фонт
Контраст