Есенско засадување на дрвја и подигање на нови дрвореди

По повод Светскиот ден на планината, а како дел од  големата акцијата за пошумување   насловена како Сончева гора произлезена од  се општата еколошка акција Генералка викенд  во организација на Мен енд маунтен, денеска од страна на ЈП Комуналец – Сектор за зеленило  на неколку локации во градот се засадени 50 садници на  урбани дрвја .

Акцијата е бенифит за граѓаните   од пролетната акција за чистење  на природата, односно  како симболична награда за граѓаните за предадениот  селектиран отпад  и за ефикасно учество во акцијата.

Организаторот Мен енд маунтен за општина Крива Паланка обезбеди  200  садници на урбани дрвја од свои покровители и подржувачи на акцијата  и тоа  50 садници на јавор платан, 50 садници на чемплес  и 100 садници на лилиодендром.

Целта на акцијата  е да има повеќе дрвја во урбаното подрачје заради прочистување на воздухот, заштита од бучава и издувни гасови, обезбедување на ладовина во летниот период и подобрување на естетскиот и природниот амбиент на населбите и слично

Дрвореди од  наведените видови денеска  се засадени  покрај Пазарската патека, на почетокот на   Скрљавски дол, во непосредна близина  на  детските игралишта во населбите Лозаново и Илинден .

Есенското  засадување  на дрвја и подигање на нови дрвореди ќе продолжи во текот на оваа неделата  и на други локации.

Честит ден на сите планинари и љубители на планината .

Големина на фонт
Контраст