За успешна реализација на културните настани и квалитетна културна програма во општина Крива Паланка-потпишан Меморандум за соработка со културните чинители во градот

Градоначалникот на општина Крива Паланка, Сашко Митовски, директорот на ЛУ Градски Музеј, Драган Величковски и в.д. Директорот на НУ Центар за култура, Антони Стојановски денес потпишаа Меморандум за заедничка соработка помеѓу трите страни, за поддршка и унапредување на активностите од областа на културата, културните настани и манифестации, културните простори, техничките и логистичките капацитети за организација на културните настани, како и промоција на настаните и активности од културната сфера во општина Крива Паланка.

Во рамки на овој настан беше извршено и примопредавање на музичко сценска опрема на Националната установа центар за култура-Крива Паланка, набавена од Општина Крива Паланка и ЛУ Градски музеј во изминатата година. Набавена е бинска опрема, опрема за осветлување и ново озвучување  и истата се предаде на користење на НУ Центар за култура. а музичко сценска опрема набавена од Општина Крива Паланка и ЛУ гГрадски музеј во изминатата година.Се работи примпримопредавање на музичко сценска опрема

Големина на фонт
Контраст