Единицата на ТППЕ од Крива Паланка доби донација од Р.Словенија

Територијалната противпожарна единица од Крива Паланка денес доби нова опрема,  донација од Р Словенија.

Словенската донација за ТППЕ Крива Паланка, е резултат на воспоставената меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Крива Паланка и општина Врхника од Р. Словенија, а на иницијатива на нашиот сограѓанин  Дејан Миленковски.

Со оваа донација обезбедени се нови повеќенаменски ламбира, работни униформи, ранци за прва помош, алатки за отстанување  стакло, воздушни перничиња, изолациони апарати и маски и бројни други потребни додатни алати и опрема, кои се потребни за пожарникарите од ТППЕ Крива Паланка.

Големина на фонт
Контраст