Советот на Општина Крива Паланка ги донесе новите годишни-оперативни Програми за работа во кои се предвидени и нови мерки за директна финансиска поддршка за различни категории граѓани

Грижата на Општината за своите граѓани секогаш е на прво место, а Општина Крива Паланка тоа јасно го потврди и на денешната на седница на Советот, каде беа усвоени новите годишни-оперативни Програми за работа, во кои се предвидени и низа на нови мерки, со кои се воведува директна финансиска поддршка-субвенција или еднократна парична помош за повеќе категории граѓани.

Дел од најновите мерки се насочени кон лицата со попречености, што ја покажува континуираната заложба на локланата самоуправа за креирање инклузивна заедница.

Истовремено, Општината продолжува со поддршката на младите, за секое првоодделенче, на матурантите, студентите, на талентираните ученици и спортисти, а се зголемува сумата за еднократна поддршка за секое новороденче и истата ќе изнесува 5.000 денари.

Она што е одлика на Општина Крива Паланка во изминатите 2 години, поддршката на спортот и културата го задржува својот континуитет и во претстојната, 2024 година.

Усвоените  нови мерки на денешната, 33-та седница на Советот на Општина Крива Паланка се:

  1. Ваучери за купување гардероба за лица корисници на услугата на дневен центар за лица со телесна и интелектуална попреченост и лица згрижени во згрижувачки семејства од 300 000 денари;
  2. Еднократна финансиска поддршка од 3000 денари за секое лице со попреченост по повод 3 декември;
  3. Финансиска поддршка за летување за деца од социјално загрозени семејства 500 000 денари;
  4. Еднократна парична помош од 5 000 денари за секое новороденче;
  5. Еднократна парична помош од 3 000 денари за секое првооделенче во 2024;
  6. Еднократна парична помош од 3 000 денари за секој матурант во 2024 година;
  7. Финансиска помош за купени дигитални уреди за студенти од 6 000 денари;
  8. Финансиска помош за купени дигитални уреди за млади невработени лица до 29 години од 9 000 денари;
  9. Финансиска помош при купување на велосипеди за девојчиња и момчиња од 4 000 денари;
  10. Стипендии за 17 талентирани ученици и студенти во 2024 одина;
  11. Стипендии за 18 ученици спортисти во индивидуални екипни спортови во 2024;
  12. Поддршка на програмата за спорт и програмски активности на локални спортски клубови и здруженија, е со вкупен буџет од 2 625 000 ден. од кои за поддршка на програмски активности на локални клубови и здруженија се издвоени 1. 460.000 денари;
  13. Вкупната Програма за култура е со вкупен буџет од 8.490.000 денари, од која, за поддршка за годишни програми и проекти на здруженија на граѓани и физички лица од областа на културата, се издвоени 550 000 денари.

Сите програми и мерки се родово сензитивни.

 

Големина на фонт
Контраст