Општина Крива Паланка ги имплементираше активностите од проектот „Зајакнување на општинските совети-фаза 2“

Градоначалникот на Општина Крива Паланка Сашко Митовски, денес организираше официјална средба со министерот за локална самоуправа Ристо Пенов и постојаниот преставник на УНДП Армен Григорјан, по повод успешно реализираните активности од проектот„Зајакнување на општинските совети-фаза 2“.

Во рамки на овој проект Општина Крива Паланка доби поддршка во делот на реализација на проектниот форумски процес, развој на капацитетите на советниците и зајакнување и унапредување на системот на локалната самоуправа, како и за изградба на памп-трак полигон за унапредување на туристичката понуда во општината.

На средбата се дискутираше за тековни проекти кои се финансирани од страна на Министерството за локална самоуправа, Биро за регионален развој,за континуираната поддршка и соработка со министерството и УНДП, како и за  развојните планови во оваа година.

Во рамки на денешната средба, градоначалникот Митовски, министерот Пенов, претставникот од УНДП,  Григорјан, како и другите поканети гости, направија увид во инсталираната ИКТ аудио-визуелна опрема за следење на седниците на Советот на Општина Крива Паланка во живо.

Опремата е донирана во рамки на компонента 3 од роектот „Зајакнување на општинските совети-фаза 2“, за унапредување на транспарентноста во процесите на донесување на локални одлуки, преку унапредување на можностите за пренос на седниците на општинскиот совет.

Износ на финасиската поддршка за инсталација на ИКТ опремата е во висина од 800.000 денари.

Програмата „Зајакнување на општинските совети – фаза 2“ ја финансираат Швајцарската влада и Министерството за локална самоуправа, а ја кофинансира и спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во соработка со национални и локални партнери.

Големина на фонт
Контраст