Оддржана третата сесија од Буџетскиот Форум во Крива Паланка

Во организација на локалната самоуправа на Општина Крива Паланка денес се оддржа третата форумска сесија од Буџетскиот форум, во атриум салата во зграда „Партизан“ при ООУ ,,Свети Јоаким Крчовски“.

На третата форумска сесија граѓаните дискутираа и дадоа свои предлози, препораки и видувања за вкупно 6 (шест) буџетски предлог програми и за приоритети за развој на општината за 2024 година, кои би можеле да влезат во општинскиот буџет, во зависност од надлежностите на општината, расположивите средства и оправданоста на предлозите.

На оваа сесија  учестваа вкупно 62 граѓани од сите возрасни групи, заинтересирани за креирање на буџетот за наредната година, раководители и преставници од општинската администрација, модерирани од страна на Лидија Митовска со поддршка на Оперативната група од општинската администрација.

Големина на фонт
Контраст