Делегација на општина Крива Паланка во посета на Сребреник

Градоначалникот Сашко Митровски и претседателката на советот Изабела Павловска остварија официјална посета на град Сребреник од Босна и Херцеговина.

Иницијативата за посета и поврзување на Општина Крива Паланка и град Сребреник настана по оддржувањето на концерт на момчето со бисерен глас, Ајдин Османовиќ со неговиот учител и менторот Јасмин Брашњиќ, кој со својот неверојатен настап во Крива Паланка, остави траен белег и ја воодушеви публиката од сите генерации.

Од пријателство со младиот Ајдин и менторот Јасмин настана идејата за збратимување на Крива Паланка и Сребреник, која резултира со конкретни чекори за градење на нови врски со град Сребреник.

Градоначалникот Сашко Митовски заедно со престедателката на Совет, Изабела Павловска и нивните домаќини-Ајдин Османовиќ, неговиот ментор Јасмин Брашњиќ, имаа официјален прием и во кабинетот на градоначалникот на Сребреник, Аднан Бјели, каде поконкретно се разговараше за можностите за продлабочување на културните, економските и туристичките врски од заеднички интерес за двете локални заедници.

Општинската делегација имаше можност да ги посети културно-историските знаменитости на град Сребреник и воедно да присувствува на концертот на прекрасниот Ајдин Османовиќ во Домот на култура во Сребреник.

Сребреник е град  во североисточниот дел на Босна и Херцеговина, како дел од Тузланскиот кантон. Најблискиот град од Сребреник е градот Тузла, кој се наоѓа на  северозапад.

Големина на фонт
Контраст