Втора форумска сесија од Буџетскиот Форум во Крива Паланка

Денес се оддржа втората форумска сесија од Буџетскиот форум во општина Крива Паланка, во атриум салата во зграда „Партизан“ при ООУ ,,Јоаким Крчовски“.

На втората форумска сесија граѓаните имаа можност да се запознаат со  структурата на буџетот на општина Крива Паланка, проекцијата на приходите за 2024 година, со процесот на буџетирање и воедно проследија презентации на 7 (седум) оперативни родово одговорни буџетски програми за 2024 година.

Од Одделението за урбанизам, сообраќај и заштита на животната средина, беа презентирани следите програми:

  • Програмата за уредување на сообраќајна сигнализација;
  • Програмата за животна средина и
  • Програмата за изработка на урбанистички планови; Од Одделението за јавни дејности, економски развој и информатичка технологија, присутните ја  проследија презентацијата на програмите за Спорт, Образование, Социјална, детска и здравствена заштита и програмата за Млади.

Од страна на присутните се разви дискусија за расходите на седумте оперативни годишни буџетски програми, по кои граѓаните имаа можност да дискутираат по предлозите на општината, а исто така  дадоа и свои конкретни предлози по соодветните програми.

Целта на организацијата на форумот е одредување на приоритетните проекти за реализација за наредната година, детектирани од граѓаните, а Општина Крива Паланка почитувајќи го гласот и мислењето на граѓаните и анализирајќи ги предложените приоритети, ќе ги предвиди за реализација.

Големина на фонт
Контраст