Доделени еко признанија и награди ,, Генералка викенд 2023 година“

Организаторите  на најголемата еколошка акција , насловена како ,,Генералка викенд 2023 ,, Друштвото за продукција на медиска содржина,, Мен енд маунтен – Скопје  ги доделија овогодишните признанија  и награди за еколошките активности на субјектите во општина Крива  Паланка.

На овогодишниот натпревар ,, Генералка Арт, организиран со цел потикнување на љубовта и креативноста  на младата генерација  кон своето родно место , кон планините, шумите, реките, културата, знаменитостите,  животна средина ,здравата храна , музиката на својот роден крај  биле испратени 250 творби од голем број на училишта во нашата држава , ученичката творба на ученичката  Теодора  Станковска   од  општинското  основно училиште Илинден од нашиот град се најде во  трите наубави  уметнички творби избрани од страна на соодветната жири комисија.

За својот креативен труд , ученичката доби и соодветно признание  и торба  со подароци  од генералните покровители на акцијата.

Покрај оваа поединечна награда , училиштето Илинден  исто така доби признание и колективна награда , голема  ботаничка жардињера, со соодветна почва и со колекција на семиња  за одгледување на одредени растенија од страна на учениците.

Исто така покрај овие награди и признанија  од страна на организаторите и покровителите на големата еколошка акција  доделени се и признанија на следниве субјекти  и тоа :

–  Општина Крива Паланка и градоначалникот на општината  Сашко Митовски  за успешната  организација и големите заложби  за реализација на еколошката акција.

– Јавното комунално претпријатие  ,,Комуналец ,, за целосна  логистичка подршка и напори  во реализација на акцијата,

–  воспитно- образовните и културни установи ,, градинката ,, Детелинка , ООУ , Јоаким Крчовски,   УСО Ѓорче Петров ,Градскиот музеј , ученичкиот дом Боро Менков ,како и КПУ – отворено оделение Крива Паланка за изразените  еколошки активности и креации во акцијата

– на хуманите граѓански организации и здруженија, ОО  на Црвен крст , и Извидничкиот одред Наум наумовски Борче , за големите  теренски напори во реализацијата на акцијата.

За  нај еко компанија, учесник  во акцијата Генералка викенд признание доби компанијата ,, Делта Бак Ребајт  Дооел – Крива Паланка , која максимално се вклучи во акцијата со своите вработени.

Градоначалникот на Општина Крива Паланка Сашко Митовски  во има на граѓаните  и во име на  сите наведени субјекти им се заблагодари на организаторите Мен енд маунтеин , на покровителите на акцијата компаниите : Пакомак, Нула отпад, Шпарказе банка и Пивара од   Скопје за признанијата и наградата . Исто така им  се заблагодари на сите опшествено еколошко  одговорни оранизации, установи , претпријатија, и здруженија од општината за еколошките активности , креативности и вклученост во еколошките акции на општинско ниво.

Накратко ги истакна напорите и постигнувањата кои се реализирани  реализираниво тековната година  од страна на општината  во поглед на разубавување на нашиот град, подигање на нови зелени површини, подигање на нови дрвореди, подигање на јавната чистота  и слично

Вооедно тој  изјави желба  за уште поголемо учествои вклученост и на останати субјекти во текот на наредната година ,

Големина на фонт
Контраст