Четириесет стипендии за талантирани ученици и спортисти од Крива Паланка

Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, врачи вкупно 40 договри на корисниците на стипендии за талентирани средношколци, студенти и спортисти за 2023/2024 година.

Стипендиите се доделени врз основа на распишаниот Конкурс за доделување на стипендии за талентирани ученици и студенти за учебната 2023/2024 година и распишаниот Конкурс за доделување на стипендии за спортисти-ученици од основните училишта на подрачјето на општина Крива Паланка и средните училишта од Р.Македонија.

Од потпишаните 40 договори за стипендирање, 18 се доделени за стипендирање на ученици спортисти во инивидуални и екипни спортови, 17 за талентирани ученици и студенти и 5 субвенции за превоз на студенти.

Градоначалникот Митовски им посака многу успеси, здравје и среќа на стипендистите и нагласи дека општината продолжува со стипендирањето и поддршката за младите, зошто тие се гордост на општината, на семејствата и на наставниците, а вложувањет во спортот и младите е еден од неговите врвни приоритети.

Големина на фонт
Контраст