Градоначалникот Сашко Митовски во посета на Р Турција – по повод свечената манифестација за 100 години модерна Турција

Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски заедно со советниците од Советот на Општина Крива Паланка, Тања Дејановска – Митровска и Никола Јакимовски, како и  членови на Владина делегација и други колеги градоначалници,  деновиве е во посета на  Турција,  по повод прославата на 100 години од прогласувањето на модерна Турција и Националниот празник, Денот на Републиката – 29 Октомври.

Националниот празник во Турција  се одбележува со низа пригодни манифестации низ целата земја, а  градоначалникот Митовски заедно со своите колеги и владината делегација, во рамки на оваа посета, присуствуваа и на Македонскиот фолклорен фестивал „Каршијака – Чашка – Тургутлу 2023“, а престојот беше одлична можност и за средби со:

  • Градоначалникот на Општина Каршијака, Џемил Тугај;
  • Валијата на град Измир, Сулејман Елбан;
  • Валијата на Град Маниса, Енвер Унлу;
  • Министерот за транспорт и врски на Турција, Адбулкадир Уралоглу;
  • Градоначалникот на Општина Тургутул, Четин Акин,
  • Сојуз на комори на трговци и занаетчии на Измир и
  • Македонските здруженија од Измир, Маниса и Тургутлу.

Градоначалникот Митовски упати благодарност до домаќините од Р.Турција за поканата на делагацијата на РСМакедонија и за несекојдневната можност за размена на позитивните искуства на двете пријателски земји.

Во оваа пригода, Митовски  изјави:

– Огромна чест и задоволство е да присуствувам на прославата на 100 години модерна Турција, заедно со делегација од РС Македонија, предводена од Министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска, заменик министер за кулура, државниот секретар во МОН, колеги-градоначалници на Чашка, Росоман, Градско, каде имавме можност да иницираме нови соработки, со кои продолжуваме да градиме мостови за остварување уште поголеми пријателски односи.

Во рамки на прославата на Националниот празник  во Турција,   Културно-уметничко здружение „Карпош“ од Крива Паланка настапи на реномираниот интернационален фестивал во Измир и ги претстави македонската традиција, фолклор и култура.

Големина на фонт
Контраст