Оддржан тродневен БОРЕНКА камп – активност од проект на Извидничкиот одред НН Борче- подржан од Општина Крива Паланка UNDP

Од 06 до 08 Октомври 2023 година во село Дурачка река -Општина Крива Паланка Извиднички одред Наум Наумовски-Борче од Крива Паланка заедно со својот партнер Сојуз на Извидници на Македонија, ја реализираа Активност 3, Тродневен БОРЕНКА камп – Октомвриски средби на млади волонтери составен дел од проектот БОРЕНКА МЛАДИНСКА АКЦИЈА ЗА АКТИВИЗАМ И ВОЛОНТЕРИЗАМ, кој финансиски е подржан од Општина Крива Паланка и UNDP.

Кампот беше воден од млади волонтери со големо искуство во областа на животната средина и младинско ангажирање кои ги спроведоа и други подактивности, презентација на програмата за целосен ангажман на заедницата за мапирање на опожарени подрачја, индификација на видови дрвја и копање на ровови со симболичка рамка живот во природа.

На овој тродневен камп учество зедоа 160 млади од целата држава.

Големина на фонт
Контраст