НАЈАВА ЗА јубилејниот 15-ти МЕЃУНАРОДЕН ТЕАТАРСКИ ФЕСТИВАЛ „СВЕТИ ЈОАКИМ ОСОГОВСКИ“

Почитувани,

Со особена чест и задоволство Ви го најавуваме скорешниот почеток на  јубилејниот 15-ти Меѓународен театарски фестивал „Свети Јоаким Осоговски“.

Од 28 септември до 7 октомври 2023 година, театарската магија ќе ја освои нашата Крива Паланка.

Публиката ќе има можност да ужива во настапите на деветте театри- учесници од Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина и нашата земја, а фестивалската програма ќе биде отворена со свечено прогласување на годинашниот лауреат и врачување на наградата за особен придонес во развојот на македонскиот театар, со пред-програма и изложба на театарски плакати од сите фестивалски изданија.

Големина на фонт
Контраст