Инфо сесија и обука за граѓански организации за поднесување на предлог проекти по објавениот јавен повик за reload 2

Во текот на денешниот ден (18. 9. 2023г.) во просториите на општинската сала во Крива Паланка се оддржа информативн состанок и обука со заинтересираните граѓански организации за поднесување на предлог проекти по објавениот Јавен повик за (ReLOaD 2) Проектот Регионална програма за локална демократија во Западен Балкан 2, кој е финансиран од ЕУ и го спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

Во проектот ReLOaD 2 се вклучени 8 општини: Битола, Велес, Гевгелија, Гостивар, Крива Паланка, Кочани, Куманово и Охрид.

На инфо сесијата и обуката присуствуваа претставници на локални граѓански организации кои покажаа првичен интерес за поднесување на предлог проекти за јавениот повик, а кои се доследни на развојните цели на општина Крива Паланка и со кои е опфатена приоритетната област:

  • МЛАДИ:

1.1 Активности за спречување и препознавање на разни видови насилство и дискриминација кај младите,

1.2 Проекти за младинска партиципација и младински активизам и волонтеризам,

1.3 Активности за едукација и превенција од разни видови на зависности кај младите,

1.4 Поддршка на проекти и активости за социјална инклузија на младите особено од ранливи групи и од руралните средини и

1.5 Подршка на активности за подобрување на психо-физичкото здавје кај младите, особено на ранливите групи.

Износот на средства за одобрени проекти ќе се движи од 307.000,00 мкд.  до 1.845.000,00 мкд.

Повикот до граѓанските организации е објавен на ден13.09.2023 г. а проектните предлози можат да се поднесуваат до 12.10.2023 до 15:00ч.

Сите информации и комплетната документација за Јавениот повик на ReLOaD 2 проектот, достапни се на следните линкови:
https://www.krivapalanka.gov.mk/novosti/350

Големина на фонт
Контраст