Одржана прес-конференција за проектот „Културно наследство на нашите предци – Духовен столб на нашата заедничка европска иднина“

Денес во просториите на конференциската (голема) сала на ЛУ „Градски Музеј“ – Крива Паланка се одржа прес-конференција по повод завршувањето на проектот „Културно наследство на нашите предци – Духовен столб на нашата заедничка европска иднина“, финансиран од Европската Унија преку ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Бугарија со проектен број 2007CB16IPO007-2011-2-39.

Директорот на ЛУ Градски Музеј г. Драган Величковски и директорот на Регионалниот Историски Музеј, г.Валентин Доброчички, пред присутните претставници на медиумите и другите гости, подетално ги објаснија и визуелно ги презентираа фазите на имплементација на сите активности од проектот, главната цел како и специфичните цели.
Станува збор за сеопфатен проект чија првенствена цел е регистрирање и зачувување на културно-историското наследство од прекуграничниот регион, но исто така и анимирање и активно вклучување на поновите генерации, а особеном младите, во зачувувањето како и заживувањето на старите традиции.


Големина на фонт
Контраст