Десеттиот, јубилеен, „Џојфест“ во Крива Паланка спектакл за паметење

На градскиот стадион во Крива Паланка на 27 и 28 август се одржа јубилејното , десетто, издание на музичкиот фестивал „Џојфест“ кој навистина ќе биде запаметен како досега најголем музички настан во историјата на гардот, со над 33 илјади посетители , особено втората фестивалска вечер која кулминираше со настапот на Здравко Чолиќ, музичка легенда на Балканот што привлече публика од сите генерации од целата држава и регионот.

Првата фестивалска вечер беше резервирана за младите рокери од „Фикшн“ и нашиот популарен музички состав  ДНК, на главната програма, а бројната публика што го преполни градот под Осоговските Планини уживаше и во хитовите на гостин-пејачот, популарниот српски солист Владо Георгиев.

Ова е еден од најголемите фестивали и настани од областа на културата организирани во Крива Паланка, на кој втората  вечер имаше и над 30 илјади посетители кои уживаа во настапите на  култната група „Нокаут“ и ДЏ Галоски, а она што навистина што привлече вниманието на публиката од целата држава и регионот е настапот на балканската жива музичка легенда, Здравко Чолиќ, со чиишто хитови растеле бројни генерации на екс-ЈУ просторите, а чии хитови од најновите албуми редовно ги слушаат и пеат многуте обожаватели на неговиот музички стил и денес.

Организатор на фестивалот „Џојфест“ е Општина Крива Паланка, со поддршка од Министерство за култура на РС Македонија. Фестивалот годинава е поддржан од министерството, додека сите останати средства за двата дена на одржување на истиот се обезбедени од спонзорства и донации од општествено одговорни компании.

Крива Паланка овие денови живееше во полн ритам.

Големина на фонт
Контраст