Одржана голема прослава по повод Денот на рударите 

На градскиот стадион ов Крива Паланка се одржа голема прославата за рударите од Крива Паланка и Пробиштип во организација на организира Минстрој Холдинг  – „Булмак 2016“, концесионери на рудниците „Тораница“и „Злетово“, кадешто заедно вработуваат околу 800 рудари.

Министерката за животна средина и просторно планирање рече дека Владата во компаните како „Булмак 2016“ препознава општествено-одговорни партнери кои поставуваат стандарди во рударскиот сектор

– Рударството е важно за развојот на индустријата на една држава, преку вложување во луѓето, соодветни услови за работа, но и вложување во опшеството. Секако, она што е исклучително важно е да се води сметка за животната средина во насока на одржлив развој, подеднакво како и за економскиот, социјалниот и еколошкиот аспект, рече на министерката Шукова.

Шукова истакна дека со залагање за одржливи практики и инвестиции во технолошкиот развој, „Минстрој Холдинг“ и „Булмак 2016“ придонесуваат за побезбеден начин за ископ на ресурси,  грижејќи се за животната средина  преку имплементација на  технологии кои ги намалуваат емисиите на јалгерод, практики кои ги минимализираат количнините на опад  и секако активности кои се во насока на обновување и одржување на еко-системите. Владата поради тоа во овие компаниии препознава опшествено одговорни партнери кои поставуваат стандарди во рударскиот сектор. Со вакви партнери, општините Крива Паланка и Пробиштип секако добиваат можност за по соодветен развој и подобри услови за работа на граѓаните.

Градоначалникот на Општина Крива Паланка, им го честиташе Ден на рударите посакувајќи во добро здравје секогаш да го слават сите работници во рударскиот сектор.

-Рударстото во Крива Паланка е традиција, а „Тораница“ е еден од најголемите работодавачи во општината. Денес кога компанијата „Булмак 2016 “ им оддадава  признанија за нивната макотрпна, но достоинствена и чесна професија, морам да истакнам дека рударството придонесува кон целокупното индустриско производство и директно влијае на локалниот и економски развој, како и на економската моќ на над 350 фамилии од Крива Паланка. Нашите заложби  како локална власт, во координација со надлежните министерства и со концесионерите,  секогаш ќе биде да се сочуваат и ценат соодветно вашиот труд и достоинство, рече Митовски.

Николај Влканов, сопственик на „Минстрој холдинг“ и претседател на бордот на директори најави дека и вложувањата во поголеми плати и во подобри услови нема да запрат, бидејќи за овие седум години,рече, од речиси уништени рудници, Тораница и Злетово денес се едни од најдобрите рудници во Европа.

-За овој период од 2016 до 2023, вложивме многу, инвестиравме во механизација и ги зголемивме платите од 780 евра, на 1100 евра месечна плата за рударите, а благодарение на вашиот труд од 1000-1100 тона на месечно нвио експлоатација на руда, постигнуваме и до 2700 тона месечно. И се тоа благодарение на вашата макотрпна деноноќна работа во „под земјата“. За овие 5 години во РС Македонија оставивме 87 милиони евра за: даноци, концесии, плати, данок на добивка. Многу малку фирми во државата можат да ја кажат таа цифра. Зголемување на платите направивме во време на глобална рецесија, кога цените на металите се многу ниски, пример, цинкот и оловото од 3500 долари сега имаат пазарна цена 2300. Но, она што го кажав, инвестирањето и вложување во повисоки плати нема да запре, и сакам да посакам добро здравје и да ја поздравам соработката со Северна Макеоднија што ја имаме и е на одлично ниво, рече Влканов.

Директорот на Тораница, Христијан Ивановски, рече дека Тораница постигнува одлична месечна експлоатација, просек 2.5 тона, започнува експлоатација на т.н хоризонт 300, а до крајот на 2023 се  очекува дозвола и за локацијата „Сокол“ што е продолжение на Тораница.

-Во тек е изградба на нова депонија за рудничка јаловина во Тораница, ќе се гради хидро-јаловиште што ќе ја заштити општината долгорочно, а радува фактот што испитувањата покажаа капацитет од 4 милиони тони руда на олово и цинк во Злетово и 5 милиони тони во Тораница, со што се проценува дека животниот векот на  рудниците е 15-20 години. Минстрој ја обнови комплетно механизацијата, флотациските машини, така што денес може со гордост да ја претставиме работата. Честит ден на  рударите, среќно, рече Ивановски.

На настанот присуствуваа Амбасадорот на Бугарија во РС Македонија, Ангел Ангелов, бројни министри во Владата на РС Македонија и претставници на концесионерот „Минстрој холдинг“, Бугарија.

На настанот беа доделени признанија и благодарници за најдобрите работници од двата рудника.

Големина на фонт
Контраст