Музика за сите генерации од различни жанри на „Кривопаланечко културно лето 2023“

Културната понуда за граѓаните на нашата Општина Крива Паланка летово носи бројни, разновидни изведувачи од најразлични музички жанри, уживање за сите генерации.

Синоќа публиката уживаше во изведбата на Петар Малинов кој никогаш не ги остава рамнодушни со ритамот на популарните поп-рок хитови од регионалната и светска музичка сцена.

Претходната вечер, среда, беше резервирана за музичка вечер и одличен поп-рок перформанс со Илија Кикиритков, вистинско уживање за публиката на летната сцена во градскиот парк.

Вечерва на програмата е традиционалната поетска манифестација во организација на Национална установа Центар за култура, Крива Паланка „Лирски треперења“, а утре вечер, 19 август 2023, настапуваат младите талентирани солисти од „Распеано симитче“, нашиот локалне детски-мусички фестивал што ја негува мзуиката и кутрата кај најмладите од општината.

Сите настани се одржуваат на летната сцена во градскиот парк.

“Кривопаланечко културно лето 2023” во одличен пулс и ритам во пресрет на најголемите меѓународни фестивали кон крајот на месецот.

Големина на фонт
Контраст