Делегација од Oпштина Крива Паланка на празнувањата во збратимениот град Лугож, Романија

На покана на градоначалникот на збратимената општина Лугож, Романија, делегација од Општина Крива Паланка присуствуваше на прославата на празникот “Руга Лугојана” посветен на Успение на Пресвета Богородица.

Празнувањата во Лугож траеја од 13 до16 август 2023, а делегациите од збратимените градови се сретнаа и разговараа за продлабочување на соработката и унапредувањето на истата.

По повод прославата на “Руга Лугојана” градот Лугож организираше низа културни настани на кои присуствуваше и делегацијата од Општина Крива Паланка.

Големина на фонт
Контраст