Локалниот Совет за превенција на состанок ги утврди претстојните мерки и активности

На денешниот состанок на  Локалниот совет за превенција на Општина Крива Паланка сите присутни чинители, членови од заедницата, од надлежните служби дискутираа за тековни мерки за превенција што се превземаат на ниво на општина, но и ги утврдија следните активности што во месец август и до крајот на летото, со почеток на новата учебна 2023/24 година следуваат.

Со Советот претседаваше Изабела Павловска, претседателка на Советот на Општина Крива Паланка, а присуствуваа одговорни од: ОВР Крива Паланка, МВР а Паланк, ЈП Македонски шуми, ТППЕ, Црвен Крст Крива Паланка, Шумска Полиција, ДЗС, ЦУК, СОУ Ѓорче Петров Крива Паланка.

На дневен ред се разгледуваше состојбата со пожари во општината летово, за што командирот на ТППЕ Иле Коцевски, информираше дека има само 20 пожари во 2023, што е втора година од работењето на ТППЕ досега во која јули има најмалку или нема воопшто пожари.

Од тие 20 пожари, 7 се на отворено, но она што загрижува, рече, е зголемениот , околу 400% број на технички интервенции.

По однос на дискусијата за превентивни мерки за спречување пожари, ЈП Македонски шуми и МВР информираа за кооридинирани активности спроведени на терен за анимирање на населението за спречување пожари, делење флаери и теренски кампањи.

Од ЈП Македонски шуми информираа дека превенцијата ја реализираат шумочуварите и службата е постојано на своите утврдени локации во координација со шумска полиција.

За четвртата точка од дневниот ред, мерки и активности во врска со „Кривопаланечко културно лето“ командирот на ПС ОН Крива Паланка, Дејан Маринковски потенцира дека МВР е постојано на терен, досега нема никакви посериозни проблеми и се утврдија тековни активности за претстојните големи културни настани и фестивали.

Акцент е ставен на несовесното паркирање на граѓаните и усурпирање дел од сообраќајници, што прави неред, а од МВР апелираа и да се има предвид доколку граѓаниет немаат потреба да не ги користат автомобилите и постојните паркинг места да бидат достапни за бројните туристи што периодов ја посетуваат Крива Паланка а се очекува и следниот период да бидат во уште поголем број со оглед на бгатата кутлурна програма во август.

Едногласно беше усвоена одлука и за организирање соседска патрола во угостителски објети од страна на Совет на родители, со локален совет за превенција и претставници од ОВР, педагошко-психолошка служба.

Секретарот на ОО Црвен крст Крива Паланка, Дарко Пешовски, истакна дека волонтерите заедно со МВР но и самостојно, релизирале бројни активности за справување со топлотниот бран, поделени се над 500 парчиња флаширана вода, извршени се мерења на крвен пртисок и шеќер во крвта, а и во нареднито период следуваат самоиницијативни активности на Црвен крст за слични активности за заштита на населението.

Големина на фонт
Контраст