КУЗ “Карпош” одржа фолклорен концерт на “Кривопаланечко културно лето”

Сцената на Национална установа Центар за култура Крива Паланка  беше вистинска фолклорна палета на колоритни носии и традиционални инструменти претставени на концертот на културно-уметничкото здружение “Карпош” благодарение на концертот – дел од програмата на “Кривопаланечко културно лето 2023” во организација на Општина Крива Паланка и институциите од областа на културата во општината, со поддршка од Министерството за култура на Северна Македонија.

Членовите на “Карпош” го претставија репертоарот што опфаќа кореографии, ора и танци од источниот крај,од нашиот кривопаланечки регион и од националната традиција и култура, како заокружување на овој дел од летните настапи и претставувања.

– Летото го започнавме со настапи на фестивали низ Балканот: Хрватска, Србија, Босна, но и во Турција, а периодов што следува не очекуваат уште неколку настапи и учества на меѓународни фестивали, што ќе кулминираат со учеството на нашиот реномиран Интернационален фолклорен фестивал “св.Јоаким Осоговски” од 23-25 август, рече Оливер Станоевски, претседател на КУЗ Карпош, Крива Паланка.

Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, рече дека горди на традицијата, на фолклорот што не одликува како нација, КУЗ “Карпош”, кои се верни чувари на битот, на културата од кривопаланечко и државата.

“Кривопаланечко културно лето” во раскошните бои на традиционалната македонска носија ги разигра срца на присутните во НУ Центар за култура Крива Паланка кои уживаа и во настапите на гостите: КУД “Коле Неделковски”, Велес, КУД “Григор Прличев”, Скопје и оркестар на народни инструменти “Осоговски извор”, Кочани.

Салата на центарот за култура беше преполна,а настанот се одржа во НУЦК поради лошите временски услови, инаку, истиот беше планирано да биде одржан на плоштадот Карпошово востание,пред зградата на Општина Крива Паланка.

Големина на фонт
Контраст