Уреден простор за детска игра и спорт кај Метеоролошка станица

На површина од 1800 метри квадратни во реонот на населба Баглак, кај Метеоролошка станица уредени се ново детско катче, спортски терени и паркинг простори, а целокупната површина е раззеленета и уредена.

На оваа локација е извршено времено уредување, вложени се средства од буџетот на Општина Крива Паланка во износ од 1.000.000 денари, а просторот доби нова, современа и урбана димензија како што доликува на нашата убава општина.

Плановите на локалните власти и издвоените рекордна сума средства од 3.000 .000 денари за изградба и уредување детски урбани катчиња за 2023 година секојдневно се реализираат и ја потврдуваат заложбата на градоначалникот Сашко Митовски и локалната самоуправа за создавање соодветни, современи и достојни услови за живот на сите граѓани, за правилен и здрав, спортски начин на живот на младите, за радост и среќа на сите дечиња.

Големина на фонт
Контраст