Одлична поп-рок забава со Петар Малинов на “Кривопаланечко културно лето 2023”

Граѓаните на Крива Паланка и бројните туристи во градот синоќа имаа можност да уживаат во изведбата на Петар Малинов на летната сцена во градскиот парк, кој приреди одлична поп-рок забава.

Ова беше уште една прекрасна летна вечер во  градот, на сѐ поразиграниот и исполнет со млади и возрасни, плоштад, кадешто се одвиваат најголемиот дел од збиднувањата ова лето од програмата на “Кривопаланечко културно лето 2023”.

Втор месец, pечиси секој втор ден, публиката од сите генерации има можност да ги проследи и ужива во настаните од културата што се очекува да кулминираат со големите традиционални, повеќедневни фестивали во август.

Дотогаш, проекции, концерти, литература и останати облици на настани од култура ќе се нижат на програмата во организација на Општина Крива Паланка, институциите од областа на културата, поддржани од Министерство за култура на Северна Македонија.

Големина на фонт
Контраст