Настапот на Дејвид Закиров – одлична рок-забава на “Кривопаланечко културно лето 2023”

Летната сцена во градскиот парк и синоќа беше преполна љубители на добра музика, добра забава што благодарение на “Кривопаланечко културно лето” и годинава нуди бројни настани и перформанси за уживање и забава за сите генерации.

Општина Крива Паланка и синоќа беше препознатлива по одличниот летен музички ритам, а уште една вечер за паметење  понуди настапот на Дејвид Закиров, нашиот добро познат музичар, основач на рок-бендот “Партали”, сопственик на авторска музика и текстови.

Речиси и да не постои млад музичар – гитарист од градот кој не учел од Дејви.Тој е виртуоз на гитара  кој и самиот изработува електрични гитари.

Со ваквите луѓе се гордееме како општина, а со “Кривопаланечко културно лето” и сите наши граѓани имаат можност да уживаат во нивната виртуозот.

Гостин – вокалот Наталија Данаилова беше одлично надополнение на оваа рок – музичка вечер, а “Кривопаланечко културно лето 2023” продолжува со понуда настани за сите генерации.

Големина на фонт
Контраст