Паланчани уживаа во настапот на “Пламенка Трајковска -гудачко трио” на “Кривопаланечко културно лето”

– Настапот на “Пламенка Трајковска – гудачко трио” на летната сцена во градскиот парк во Крива Паланка, во саботата, 17 јули, понуди уште една импресивна вечер на “Кривопаланечко културно лето”.

Паланчани и бројните туристи ја исполнија летната сцена, а уметниците понудија вистинско задоволството на публиката и уживање на сите присутни.

– Задоволството на публиката, благодарноста од изведувачите, уживањето на сите присутни, се вистински показател дека “Кривопаланечко културно лето” е гарантирано задолжителна летна шема во градот за сите генерации, за млади и возрасни, жители и посетители.

“Пламенка Трајковска – гудачко трио” ги импресионираа паланчани и бројните туристи што уживаа во двочасовната програма на летната сцена во градот, рече градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски.

Гудачкото трио во состав: Пламенка Трајковска, Љубица Бошкоска и Милена Гиевска Андоновска промовира камерна и класична музика преку изведба на различни видови музички програми.

По дводневна пауза, “Кривопаланечко културно лето” продолжува денес, 18 јули, со проекција на концерт, по што следуваат џез концерт на 19- ти, рок настап на 20 јули, како и фолклорни концерти, проекции и литературни манифестации.

Во август ќе се одржат два големи меѓународни фестивали: Интернационален фолклорен фестивал “Св.Јоаким Осоговски” и десетто, јубилејно издание на Џојфест, на кој се најавени настапи на врвни музички имиња од Балканот и државата.

Големина на фонт
Контраст