Граѓаните и туристите уживаат во богатата програма на “Кривопаланечко културно лето”

Во овие летни горештини,вечерните малку посвежи периоди од денот се можност граѓаните да прошетаат,но и уживаат во она што Општина Крива Паланка во соработка со институциите од културата, со поддршка од Министерството за култура го подготви и нуди во текот на целиот летен период на богатата програма на “Кривопаланечко културно лето 2023”.

Синоќа граѓаните уживаа со прекрасното музичко освежување – рок составот “Bad Ass All”.

Преполната летна сцена беше исполнета со прекрасна атмосфера, а граѓаните и бројните туристи уживаа во популарни домашни и странски рок хитови, во изведба на младите талентирани музичари со бројни награди од фестивали ширум Балканот. Настанот донесе одличен летен музички импулс, а културната понуда на Крива Паланка во јули е богата, со музика и уметност за сите генерации.

Викендов и деновите од следната недела ќе бидат опфатени повеќе музички жанрови, со вечерни концерти за уживање и на младите и на повозрасните.

Утревечер,15 јули , 20:00 часот, на летната сцена настапува камерниот состав “Плакенска Трајковска”, на 18 јули ќе има проекција на концерт,а на 19 јули, среда настапува талентираниот џез музичар Гордан Спасовски, со неговото трио. Гордан е млад талент што го освојува светот со неговата виртуозност,а потекнува токму од нашиот град.

На 20 јули исто така ќе настапи талентиран кривопаланечки гитарист, Дејвид Зекиров со неговиот бенд, по што до крајот на месецот следуваат фолклорен концерт на КУЗ Фолклористи , проекции на концерти,настап на Петар Малинов.

Сѐ на се, богата и разновидна програма во јули на програмата на “Кривопаланечко културно лето 2023” во организација на Општина Крива Паланка,со институциите од областа на културата, поддржана од Министерството за култура на Северна Македонија.

 

Големина на фонт
Контраст