Изграденo и уредено уште едно нoво детско игралиште во Општина Крива Паланка

Уште едно ново детско катче изградено е и уредено, инвестицијата е од буџетот на Општина Крива Паланка, како дел од програмата за изградба на нови урбани детски игралишта за 2023 година, со која посебен акцент се дава на катчиња за радост и безгрижни игри на најмладите жители на нашата општина, со најголема сума издвоена досега за оваа намена – 3.000.000 денари.

Викендот што измина дечињата од населбата Скрљава, дечињата од кај м.в.Болничка ливада и околината ќе го паметат по изненадувањето што како подарок за нив го приредија градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски и општината, ново, урбано, модерно катче за дружење , спорт и рекреација, за незаборавни детски летни денови и за надигрување и безгрижни моменти, особено во овој период од годината, кога се на распуст и имаат на располагање многу слободно време.

Општина Крива Паланка со интензивна динамика работи на остварување на зацртаното со програмата за 2023, за изградба и уредување десетина детски катчиња, а ова е второ детско игралиште изградено за само една недела.

Минатата недела беше пуштено во употреба детското урбано катче кај комплексот згради,кај населбата Единство, а сите дечиња од околните места во овој реон уживаат во новите радости што им се овозможени благодарение на заложбите на локалната самоуправа, за што одговорните велат: -Детските насмевки и среќа се приоритет на општината!

Големина на фонт
Контраст