Ново детско катче за дечињата од населба “Единство”

Oпштина Крива Паланка продолжува со реализација на зацртаната програма за 2023 година со која од општинскиот буџетот се издвоени 3.000.000 денари за нови детски катчиња.

Од денес најмалите жители од општината од Ромската населба “Единство” и сите дечиња од градот, добија ново катче за безгрижна детска игра лоцирано кај комплексот згради, место што полека но сигурно добива нов урбан лик.

Изградбата и уредување на детското урбано катче е инвестиција вредна 600.000 денари, вложени во детската среќа и радост.

Од вкупната сума, 300.000 денари се издвоени од буџетот на Општина Крива Паланка и

300.000 денари од Програмата “Ромактед” – фаза 2, финансиран од Европската унија, Совет на Европа.

Летните денови, деновите од училишниот распуст на сите дечиња од денес се збогатени и надополнети, низ игра и насмевки да растат безгрижни, а општината продолжува да вложува во нови инфраструктурни содржини за модерен лик на градот.

 

 

Големина на фонт
Контраст