Делегација од Општина Крива Паланка на празникот на збратимениот град Свидник, Словачка

По повод прославата на празникот на градот Свидник, Република Словачка на покана на одговорните делегација од Општина Крива Паланка присуствуваше на прославата “Денови на Свидник” која овој наш збратимен град ја организираше од 30 јуни до 2 јули 2023 година

Официјално, делегацијата од Крива Паланка присуствуваше и на прием кај градоначалничката на Свидник, Марсела Иванчова на која се разговараше за досегашната взаемна соработка и поддршка, за планирана можна соработка од областа на повеќе полиња, пред сѐ: култура, спорт и туризам, како и останати теми од заеднички интерес за развој и унапредување на соработката во иднина.

Големина на фонт
Контраст