Младите таленти од Крива Паланка добија шанса со “Ритамот на Европа”

На одржаната аудиција за “Ритамот на Европа “- едно од најголемите музички телевизиски шоу- програми за поддршка, промоција и афирмација на млади таленти на 2 јули 2023 , младите танчери и солисти од нашата општина добија исклучителна можност да бидат слушнати и препознаени од страна на стручното жири.

Искусните членови на жири комисијата одлучија петмина млади од Општина Крива Паланка да продолжат во понатамошното натпреварување за промоција и развој на нивниот талент.

На аудицијата”Ритамот на Европа” што се одржа во НУ Центар за култура,  избрани се следните кандидати во танцувачката група: Нина Николовска, Ева Цветановска, Иван Јанковски и Филип Стојковски, како Невена Стаменковска, соло пеење.

Тие се талентите што ќе ја застапуваат Општина Крива Паланка во понатамошниот тек натпревари, на тридневниот камп во Струмица, септември и финалето што ќе се пренесува на некоја од националните телевизии.

Големина на фонт
Контраст