Отворена четвртата самостојна изложба графики на нашиот кривопаланчанец, Стефан Јакимовски

-Во галеријата на Национална установа Центар за култура Крива Паланка синоќа премиерно беше отворена четвртата самостојна изложба графики на нашиот млад уметник, Стефан Јакимовски.

Со изложбата симболично беше одбележан триесетиот роденден на младиот талентиран автор, студент на постдипломски студии,графика и демонстратор на Факултетот за ликовни уметности на УКИМ, член на Друштвото на ликовни уметници на Северна Македонија.

Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, истакна дека младите таленти од градот ја заслужуваат и секогаш ја имаат неговата поддршка и поддршката од општината.

-Талентираните уметници имаат посебно место во летната културна програма – вечерва премиерно поставена четвртата самостојна изложба графики на нашиот млад сограѓанин, Стефан Јакимовски кој професорите го карактеризираат како работлив и упорен, плени со талент и знаења кои им ги пренесува на студентите на Факултетот за ликовни уметности, а тука е и да ги подучува младите од нашиот град.Честитки за Стефан, уметниците се наши амбасадори, а ние сме тука да им бидеме ветар во грб, истакна градоначалникот Митовски.

Изложбата е дел од програмата на “Кривопаланечко културно лето 2023”, во организација на Општина Крива Паланка, институциите од областа на културата од општината, со поддршка од Министерство за култура на Северна Македонија.

 

Големина на фонт
Контраст