Пријавете се за учество на детското телевизиско музичко натпреварување „Ритамот на Европа”

Почитувани,

Аудициите за најголемото детско телевизиско музичко натпреварување од овој тип во Европа за деца и младинци „Ритамот на Европа” започнува и во Северна Македонија.

Како изгледаше програмот минатата година во Србија на кој градот Зрењанин им донесе победа, а и учеството и на останатите натпреварувачи можете да погледнете на следниот линк: https://youtu.be/gG_9luzeDVc. 

Имаме огромно задоволство да Ве информираме дека аудицијата во Општина Крива Паланка ќе се одржи во недела 02.07 2023 година во Центар за Култура со почеток од 10 часот. 

Децата и младинците од 14 до 21  година се пријавуваат за танц и пеење со праќање на своето име и презиме, година на раѓање и градот од кој доаѓаат на инстаграм на профилот @rhythm_of_europe или со праќање на порака на viber ili whatsapp на бројот +381606555013 – Лазар Веселиновиќ, шеф на протокол и организација на “Ритамот на Европа”. Доколку се пријавуваат како група можат да се пријават со една пријава така што во пораката ќе ги напишат сите податоци за секој член од групата. Танцувачите со себе на USB треба да си ја земат музиката на која ќе играат или танцуваат.

Доколку децата од било која причина не можат да се пријават можат да се појават директно на самата аудиција во својот град и да го претстават својот талент преку песна или танц.

 

Големина на фонт
Контраст