Се градат игралишта во Крива Паланка

Во Крива Паланка во тек е изградба на пет детски игралишта на повеќе локалитети во градот, кои ќе бидат уредени со општински пари. Игралиштата ќе бидат опремени со разновиден инвентар за игра и забава на најмладите од централното подрачје и периферните населби.

– Целта на овој проект е да се обезбеди место за рекреација на младата популација, каде што не само што тие ќе се забавуваат туку со тоа и ќе бидат тргнати од улицата и од опасностите што демнат – вели градоначалникот Арсенчо Алексовски.

Покрај детските игралишта, со донација од компанијата „Тобако“, во центарот на градот ќе биде уреден уште еден простор за одмор. Ќе биде изградена фонтана и ќе бидат поставени клупи и друг инвентар, а сите објекти заедно ќе му дадат нов лик и нови содржини на градот.

Извор: Дневник

Големина на фонт
Контраст