Уште две улици ќе добијат нов асфалт

Со отпочнувањето на градежните теренски активности денес започна санацијата на улиците “Кочо Рацин” и “Панче Пешев” во населба Белево, кај ЈП Македонски шуми, ПШС „Осогово“.

Се работи за две улици што по санацијата ќе  добијат нов асфалтен слој.

Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски,д енес изврши и увид во воведните теренски работи заедно со надлежните служби од одделенијата во општината.

Со програмско тековно одржување улици на Општина Крива Паланка и во населба “Белево” се реализираат проекти за подобрување на локалната патна мрежа, како и во повеќе делови од градот.

Во градот во тек е вистинска градежна офанзива.

Големина на фонт
Контраст