Градоначалникот Митовски на официјална посета на Министерството за локална самоуправа

Денес градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски и претставници од општината остварија официјална средба со Министерот за локална самоуправа, Ристо Пенов, во Министерство за локална самоуправа.

На средбата се разговараше за тековните проекти во Крива Паланка, успешната реализација на ИПА проектите за прекугранична соработка,  поддршката што министерството ја дава на Општина Крива Паланка, како и планираното национално кофинансирање во претстојниот ИПА 3 програмски период.

Токму денес градоначалникот Митовски го потпиша и најновиот проект од ИПА 2 програмата што општината го имплементира заедно со збратимениот Град Лесковац.

Проектот е насловен “Земја на легендите” и со инвестиција од околу 100.000 евра ќе се изврши партерно уредување на дворот на училиштето во село Градец, во насока на промоција на културното и историското наследство на регионот.

Големина на фонт
Контраст