Нашата Крива Паланка плени со прекрасното хортикултурното уредување

Бројните декоративни садници, уредени хортикултурни јавни површини, нови цветни форми и украсни грмушки, дрвореди долж главната улица и во кејот на Крива Река, како и уредените и осветлени јавни површини на влезот и излезот на градот, ја отсликуваат нашата Крива Паланка во најдобро светло и го прават градот убав, привлечен и посакувана дестинација за бројни посетители од државата и регионот.

-Посебна енергија, вложувања, со задоволство и секојдневна работа посветуваме на:уредувње, украсување, раззеленување и

разубавување на градот наш убав, нашата Крива Паланка. За убав и чист град, уреден и раззеленет парк и плоштад, декорации и цветен сјај. За жителите и туристите да уживаат,за Крива Паланка надалеку да раскажуваат-дека имаме убавини на природата и околината што сме ги наследиле, но наша обврска и должност е какви ќе ги оставиме во наследство на идните генерации, истакна денес градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски.

Тој посочи дека Крива Паланка со срце ја китат со зеленило и цвеќа, да ни биде убава и сите жители да бидат горди што тука живеат.

-За уште поубав град секој ден работиме и продолжуваме, додава градоначалникот Митовски.

Големина на фонт
Контраст