Градоначалникот Митовски организираше орием за младите иноватори од СОУ “Ѓорче Петров” 

– Младите иноватори од средното општинско училиште “Ѓорче Петров” Крива Паланка кои се дел од петте победници на UPSHIFT Програмата, циклус дигитализација, со нивното иновативно решение за изработка на еко столче со кое ќе се решава загревањето во училиштето и ќе се штеди енергија, денес беа на прием кај градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски.

На приемот присуствуваа директорката на училиштето, Елена Ѓоргиевска, учениците: Горана Симонова, Ева Симонова, Стефан Величковски, Божидар Јанковски и Јован Јакимовски и менторот проф.Драган Китановски.

Нивната награда во висина од 120.000 денари е за изработка на прототип од иновстивното еко -столче, иновација за заштеда на електрична енергија од 60 отсто и потрошувачка на нафта од 30-40 отсто.

-Во мојот кабинет утрово вистинска радост донесоа младите иноватори од СОУ “Ѓорче Петров“.Овие млади претприемачи, иноватори и креатори се гордост на училиштето и општината.Токму вакви млади луѓе, со прогресивни идеи, водени од одлични ментори, се она што не прави горди, што ѝ треба на заедницата.Продолжуваме посветено на реализација на мерките што ги креираме токму за нив, за сите млади, а условите што во континуитет се унапредуваат се насочени кон развој и поддршка на талентите и капацитетите на младите личности, порача Митовски.

Директорката Ѓоргиевска рече дека успесите на учениците се потврда дека квалитетот на наставата, на наставниот кадар и вложувањата во добар воспитно образовен и едукативен процес се на високо ниво, што отсекогаш е една од главните одлики на ова училиште.

Големина на фонт
Контраст