,,Бисерното грло” од Сребреник на концерт во Крива Паланка

На 23.мај во Крива Паланка младиот Ајдин Османовиќ заедно со неговиот професор Јасмин Брашњиќ ќе изведат традиционални македонски песни

 Пред неполни два месеца на социјалните мрежи едно дете што беспрекорно ја пееше нашата Јано мори стана вирален хит. Токму тоа дете, Ајдин Османовиќ, заедно со својот професор и ментор Јасмин Брашњиќ од Сребреник, Босна и Херцеговина, доаѓаат во Македонија, односно во Крива Паланка на концерт.

,,Не беше тешко да се воспостави контакт преку социјалните мрежи со професорот на младиот Ајдин, Јасмин, и без многу размислување по упатените честитки, ги поканив на гости во Крива Паланка. На 23. Мај, во Центарот за култура, од 19 часот, заедно ќе го одбележиме чествувањето на Свети Јоаким Крчовски и Светите Кирил и Методиј со Свечена Академија и концерт – изјави Сашко Митовски, градоначалник на Крива Паланка.

На Свечената Академија ќе бидат  прогласени и најдобриот просветен работник и најдобриот ученик за учебната 2022/2023 година.

По тој повод Ајдин Османовиќ заедно со неговиот професор Јасмин Брашњиќ, но и општина Крива Паланка, како и цела Македонија ги повикува сите добронамерници и почитувачи на македонската традиција, да го чујат младиот Ајдин, кој има само единаесет години, но одлично ја разбира, сака, а уште подобро ја интерпретира македонската народна песна.

 

Големина на фонт
Контраст