Започна изградбата на улица Баглачка

Градоначалникот Сашко Митовски заедно со стручните служби од Општината, денес направи увид во воведните градежни активности за реализација на проектот за изградба на улица „Баглачка“ во насеба Баглак.

Со реализација на овој проект е предвидена изградба и асфалтирање на улица “Баглачка“ што е врвен приоритет на населението од овој дел од градот, како и решавањето на нивниот долгогодишниот проблем со атмосферските води.

Изведувач на работите е градежната оператива на економскиот оператер КООП ИНЖИЊЕРИНГ-Куманово, а Финансиските средства зареализација на проектот се во висина од 1. 278.363.оо денари и се обезбедени преку Програмата за создавање на услови за развој на урбани подрачја на Бирото за регионален развој.

 

Големина на фонт
Контраст