Со одлука на форумот ќе се гради ПАМП патека за велосипеди во спортско рекреативниот центар во Крива Паланка

Седумте работни групи кои се состанаа во рамки на четвртата Форумска сесија која се одржа денес во Општина Крива Паланка, одлучија со мнозинство гласови да го поддржат проектот: Збогатување на туристичката понуда преку изградба на ПАМП патека за велосипеди.

Имено, кривопланчани на оваа форумска сесија бираа меѓу три проекти, кои се најдоа на денешниот дневен ред, при што, по образложените критериуми за избор, истите беа детално презентирани пред присутната јавност.

По презентација на проектите, присутните граѓани, најгома поддршка дадоа на проектот за иградба на ПАМП патека (трак пологон) за велосипедизам во рамки на спортскиот комплекс-Градски стадион, како алтернативна форма за спорт и рекреација, како и за развој на спортски туризам.

Целта на проектот е да се збогати и да се направи проактивна понуда во рамки на спортскиот комлекс во Крива Паланка.

Во рамки на сесијата свое обраќање пред присутните имаше и градоначалникот Митовски, кој упати голема благодарност до сите присутни-учесници на овој форум и воедно го честиташе изорот и одлуката да се реализира проект, кој ќе придонесе за развој на заедницата, ќе донесе нови можности за промоција и афирмација на Општината, како спортско-рекреативна туристичка дестинација.

Инаку, форумските сесии се одржуваат во рамки на проектот „Зајакнување на општинските совети“ чии партнери се Швајцарската влада, Министерството за локална самоуправа и Програмата за развој на Обединетите Нации – УНДП.

Големина на фонт
Контраст