Продолжува градежната офанива во Крива Паланка-се реконстуираат пет илици во населба Илинденска

Општина Крива Паланка продолжува со реализација на најавените проекти во инфраструктурата и според планираната динамика, денес започна проектот за реконструкција на вкупно 5 улици во населба „Илинден“. Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, директорот на јавното претпријатие”Комуналец “, Миле Марковски и надлежните служби извршија увид на терен.

-Денес започнуваме со реализација со еден голем, значаен проект за жителите на населбата „Илинденска“ со реконструкција на вкупно 5 улици. Оваа населба е една од најгусто населените места во Општината и тука се наоѓа едно од двете основни училишта во градот и токму затоа, тука вложуваме 15 милиони денари, средства обезбедени за капитални инвестиции од блок-дотации на Министерство за транспорт и врски. Со овој проект ќе се изврши реконструкција и рехабилитација на улиците: “Наско Тамбурков”, “3-та Македонска ударна бригада”, “17-та Македонска ударна бригада”, “Ул.Чупино Брдо” и “ул.Димитар Влахов”, а во исто време во соработка со ЈП Комуналец, ќе се изврши и замена на целокупната водоводна инсталациона мрежа на сите пет улици, со нови, полиетиленски цевки за водоснабдување, изјави градоначалникот Митовски.

Општина Крива Паланка интензивно работи на подобрување на патната и водоводна инфраструктура, а се во насока на подобри услови за живот во локалната заедница.

Како што изјави градоначалникот Митовски, само за изградба на локална и регионална патна мрежа во Крива Паланка, годинава ќе бидат инвестирани 122 милиони денари или 2 милиони евра.

Тековно, во Крива Паланка се врши и рехабилитација на улицата “св.Јоаким Осоговски” на потег од Осички Мост до мотел Македонија, каде се инвестирани 12.000.000 денари, средства обезбедени преку Центарот за развој на Североисточен плански регион ( СИПР), а деновиве е планирано отпочнување на градежните активности за изградба на нова улица во населбата Баглак.

Големина на фонт
Контраст