Просторот кај комплексот на згради-Градскиот пазар добива сосема нов лик

Завршени се градежните активности за нивелација на просторот кај комплексот на згради кај Градскиот пазар со целосно тампонирање на оваа јавна површина, која пред се ќе биде во функција на допонителен паркинг простор на овој фрекфентен дел од градот.

Со овој значаен градежен зафат, извершени се и градежни активности за решавање на проблемот со атмосферските води и канализацијата и за таа цел поставени се нови решетки за одводнување и изградени се и шахти.

Воедно изградени се и потпорни стени и изведен е соодветен пристап кон дополнителниот паркинг простор позади комплекот на згради.

Со ивршената нивелација и тампонитарањето на овој простор кој зафаќа површина од 4000 m2, овозможено е понатамошно доуредување за урбан лик на овој дел од градот, со поставување на хортикултурни и спортско-рекретивни содржини, како и изградба на нова пристапна улица.

Финансиските средства за реализацијата на овој градежен зафат, целосно се обезбедени од Буџетот на Општината и соодветната оперативна годишна програма на Одделението за изградба и оддржување на комуналната инфрастуктура и тие се во висина од околу 2.500 000 денари за нивелација и тамопонирање и дополнителни 450 000 ден. за изградба на пристапна уличка со стени и изградбата на систем за атмосферската вода и канализација.

Големина на фонт
Контраст