Пет години од возобновувањето на староградскиот состав „РАСПЕАНИ ПАЛАНЧАНИ“

Почитувани граѓани,

На 13.07.2013г.(сабота) во 19 часот во манстирскиот комплекс Св. Јоаким Осоговски по повод јубилејот, пет години од возобновувањето на  староградскиот состав „РАСПЕАНИ ПАЛАНЧАНИ“,  ќе се одржи концерт на староградска музика.

Специјални гости на концертот по повод петгодишниот јубилеј од возобновувањето на староградската песна и друштвото Распеани Паланчани, се:

Нино Величковски – реномираниот и познат македонски интерпретатор на староградската македонска песна;

Тамбурашки оркестар „Кратовачани“  и

– Ансамбл „Малка Серенада“ од Шумен од Р. Бугарија.

Почитувани ќе имаме несекојдневна можност да проследиме една богата ретроспектива на негување на традицијата и староградската песна  во Крива Паланка.

Ве покануваме заедно да го прославиме јубилејот-пет години од возобновувањето на друштвото „Распени Паланчани“ и да го проследиме богататиот репертоар на староградска музика  во прекрасниот амбиент на манстирот Св . Јоаким Осоговски.

Општина Крива Паланка
Градоначалник
Арсенчо Алексовски

Големина на фонт
Контраст